Грешка, обична невина грешка

stikla-panker_majkatiitatkoti

-Извини колку е саат?
-5 и нешто
-колку е тоа нешто?…5 и 98?
-погледна на саат- 5 и 48 е точно –одговори
-фала и чао
-како чао, само толку?
-како мислиш само толку?
-па јас мислев ќе ми се пушташ
-зошто да ти се пуштам, па прошлата сабота бевме заедно
ама беше ќора направена, изгледа си заборавила
-а ти беше тој?? – бесно свика и ми мавна шамар
-што ти е ма?
Ми удри бокс
-ама што ти е?
Во левото око ми истури супер лепак
-дај ма полека
Од ташната извади грицкалка за нокти и ми го исече носот
-ама што ти е?
Ја соблече кондурата и ми ја збрца штиклата во уво
-боли ма ненормална!!!
Баш во тој момент проаѓа еден тип со моторна пила
и она најслатко што може го замоли да ми ја исече едната рака
Типот одма се сложи, ми ја отсече десната рака
ми ја акна од глава и ја фрли на улица ..ах да, и плус чврга ми мавна
-аууу колку боли ..ти ма скроз си луда
-јас луда..јас..а ти не си што ме остави пешки
да се враќам од врв на Водно во 3 сабајле
-какво Водно?
-какво Водно???, сега мутав се правиш
-не ма сериозно, не сум бил на Водно 23 години
За момент престана да ме тепа, фино се згледа во мене
-знаеш што … мислам дека не беше ти…извини – ми вика
-и мене ми се чини дека бев со друга.. ни јас не бев нешто трезен
-и сега?
-може сега да ти се пуштам?
-сега?.. па види се на што личиш, Квазимодо е лепотан за тебе
-па да не беше толку насилна …еј куче што правиш,
врати ми ја раката – свикав по една џукела што ми ја зема
исечената рака
Џабе..избега..што им е на денешниве кучиња,
се’ што наоѓаат на улица си земаат како да е нивно
Се вртам … и девојката ја нема
Чуден ден, мора да си признаам

 

Посетено 10.868 пати