Време е за збогување

fatalna-atrakcija_majkatiitatkoti

Ти дадов преголема важност
а ти ми ги испреврте приоритетите,
Од викенд пријател ми стана
неразделен другар.
Почнав да мислам само на тебе
и си ја запоставив суштината.
Нема играчка со тебе, знам.
Змија си со која ретко кој
успеал да излезе на крај
Лек и отров, пасија и опсесија.
Ти ли си таа кобна убавина?
Целосно ме испреврте:
ме скара со најблиските,
ми ги истенчи нервите,
ми го изобличи лицето,
ми го испи мозокот,
ми го изгоре џигерот,
ми го оштети паричникот.
ми го зема куфетот,
Ме претвори во лажливец,
во лабилна личност
и во лесна роба –
во бесчувствително копиле.
Од мојот анус го измкна
најодвратниот Јас
и ми го залепи на фаца.
Ептен се испозанесе.
Чекај, што си умислуваш ти?
Дека без тебе нема да можам
да пишувам, да сакам, да се
дружам, да се веселам…
Жити се!
Доста е, се дружевме
повеќе од триесет години.
Те истурив во шолја и пуштив вода.
Збогум и сè најубаво,
биди им најблизок
на некои други!

595x90

(Посетено 1.684 пати, 1 денес)
Јовица Ивановски
Автор
Јовица Ивановски на Facebook

Поврзани Статии

Оставете одговор

*