ЈОХАН ЕЛЗЕСЕР

KIMBO LOGO banner

 

Johan Elzeser
ЈОХАН ЕЛЗЕСЕР  угостител

Првото утринско кафе …
Утринското кафе си има посебно место во нашиот дом.
Пијам две врсти на кафе, во два различни тајминзи.
Пијам Нес кафе ако е надвор топло или Турско ако е ладно.
И двете без шеќер, млеко, класично “скето“.
Прва варијанта:
Три пати неделно. Стануење у осум. Правац теретана. Два саати “малтретажа“ на сопствено тело.
Враќање дома, онака испотен пуштање рингла со ѓезве полно со вода.
Влагање у купатило праење брзински туш. По бањарка у кујна ставање кафе.
Облакање ко за по дома, пуштање ТВ, на масиче у дневна, отварање ЛАПТОП, Кафето од десна страна мирисаааа.
Мора да напоменам дека после теретана и туш, кафето ми е најубаво у свет.
Втора варијанта:
Се е исто, ама без теретана.
Во 12:00 часот и порано веќе спремен за дневните доживувања во СОКАЧЕ и ШТАЛА.

Посетено 2.097 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!