Парите се отепувачка

На дедовци се однесува

„Дедо, дедо…дедо, дедо“ – го буцкам
„Мртов сум“-одговара со затворени очи
„не си“
„мртов сум, мртов сум..не ме закачај“
„е како си мртов кога ми збориш“
„е добро де, само вежбам“
„Уфф, ме извади од памет,
ај сега и јас да вежбам“
„што?“
„па ете ќе замислиме дека си мртов
а јас ќе барам кај ги криеш парите
пред другите да ги најдат, може?„
„може“
„еј супер.. сега ќе барам а ти викај ми топло-ладно“
“добро..ладно..ладно…топло..жешко“
„Ете ги најдов, 75 евра, 4 денари…фала ти“
– и ги бутам во џеб
„што фала..ај врати ги на место, нели само вежбавме?“
„извини дедо“- го исклучив од апаратите
што го одржуваат во живот, без проблеми умре
и одма и се јавувам на Мери.
„што ме бараш бе клошар еден, ти кажав дека е готово“
„ама имам пари сега“- гордо и’ викам
„што?..да не ограби банка?..ма не, ни за тоа не те бива“
„дедо ми ми остави огромно наследство“
„ааа, па што не кажа одма..ќе ме носиш во Солун на шопинг?“
„па немам толку пари..ако сакаш ќе идеме
во онаа продавницана кај што продаваат облека на кило,
ќе ти купам 5 кила фустанчиња па ќе идеме на пица“
„моламмм?..еби се, да не си ми се јавил више“
-го тресна телефонот и ја изеде сим картичката,
џабе пак и’ вртев.
„кокошка“-си мислам и повторно
го уклучувам дедо ми на апарати
Ништо не се случи, не оживеа.. си остана мртов
Наеднаш во собата се втурнаа еден куп луѓе,
негови комшии и пријатели
и веднаш почнаа да го пребаруваат станот.
Ги бутнав рацете во џебови, си ја свиркам
I’m singing in the rain (не врне ама само таа ја знам)
и неприметно искачам.
Гледам едно детенце поминува покрај мене
и без размислување му удирам чврга
„чичко зошто ме удривте?“ –
„зошто ми се може бе копиљ“ – надмено му одговарам
Што значи да имаш пари, одма си моќен и фраер
Како немав уште некој дедо?

Посетено 3.627 пати