Клетва

sekakvi kletvi[fblike]

Еден тип што „онака“ го знам од град
се мести до мене на шанк, дрво направен
-добар си?-ме прашува
-Да
-како да?
-А зошто не?
-паааа, ти пратив една клетва ама
штом не ти е ништо изгледа џабе сум ја пратил
-каква клетва?
-лоша, каква може да биде
-аха, а кога си ми ја пратил?
-завчера
-како, со ДХЛ, Брза Пошта, обично?
-што знам, ваљда обично
-па уште не сум ја добил, изгледа деновиве,
а зошто уопште си ми ја пратил,
што сум ти направил?
-Си знаеш ти – и се сврти да си оди
ама како беше тежок мортус
се лизна и се испружи колку е долг
Го гледам, немам намера да му помогнам
пошто стварно не знам што толку сум му замерил
а он џабе се обидува да се подигне,
премногу е пијан а и јас малце го газам со нога
Се приближија 3 стаорци, го меркаат, го мирисаат
-Ќе го изедете нели?- ги прашувам
-не знаеме, некако многу е пијан, ќе се начукаме
-ќе ве частам Галичко сирење ако го изедете
Им светнаа очињата, си ги исправија мистаќите
и рипнаа да го јадат
За секој случај кога дојдов дома
на таблата над влезната врата
на која пишува „Забранет влез за Харе Кришна,
Цептер и Кирби“ допишав и „пијани клетви“
Не чини, го шкртнав „пијани“ и напишав „секакви“
Што е сигурно….

Alfa-GooolemNovogodisenPopust-2017-11-16-1180x90

Посетено 1.476 пати (1 денес)