50 нијанси на сиво, не, благодарам! Сакам црно – бела љубов…

50-nijansi-na-sivo-ne-blagodaram-sakam-crno-bela-ljubov-1
Како инспирација од најпознатата книга во светот, 50 нијанси на сиво, сфатив дека не сакам повеќе таква љубов како во книгата.
Филмот се уште го немам гледано, но планирам да го гледам во иднина, бидејќи ме привлекува необичното и несекојдневното во целата приказна.
Можеби бев чудна, но тоа е она што ме полнеше, се додека не сфатив колку навистина ме испразнило досега.
Имав чудна врска која не беше 50 нијанси на сиво, беше 50 нијанси на црнила и ме оцрна за цел живот, во душата.
Зошто луѓето всушност сакаат 50 нијанси на сиво во љубовта?
Зарем не се задоволуваат со парче срце, душевен мир и безрезервна предаденост…
Сама се прашував, не очекував да добијам одговор од никого, се додека не сретнав некој што ми покажа 50 нијанси на среќа наместо несреќа.
Сега нашата љубов е како стар телевизор од минатото, црно – бел, но сепак ни го прави секојдневието интересно и исполнето.
Нема расправии, навреди, раскинувања без причина, лутење за глупости, несогласувања околу банални ствари и слично.
Затоа секогаш кажувам човек треба се да проба за да одбери што му одговара најмногу.
Мене тој ми одговара премногу.
Зошто да уживам во сивило, кога може да биде или бело или црно, или оди или не оди, трето нема, сиво не постои.
За ова разговарав со мојата потсвест кога ме праша пред заспивање што се случило со мене, зошто веќе не сум била необична и различна, несекојдневна?
Јас и одговорив дека останав истата будала која секогаш ќе биде спремна за авантури во ниедно време, онаа будала која прифаќа предизвици и секогаш трага по адреналин.
Но, на полето љубов ми се смачи од срања, не сакам повеќе сиви денови, сакам мир, не сакам оставања, сакам останување до крај.
50 нијанси на сиво? Не,благодарам! Сакам црно – бела љубов…
Како стар телевизор кој иако не е во боја, ти ги обојува деновите и те прави среќен барем што го имаш.
Посетено 2.595 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!