ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Каде всушност треба да го фрламе зејтинот после употреба?

Зејтинче, си треба. Барем ние тука на Балканот го употребуваме често.

Зејтинот е една од главните намирници во нашите кујни. Пржиме се: зеленчуци, месо, тестенини, буквално се.

Но дали знаете каде и како треба да го фрлате веќе искористениот зејтин после употреба?

Тоа најчесто го правиме во нашите судопери.

КРАЈНО НЕПРАВИЛНО! Зошто? Ете зошто:

Според последните истражувања едно литро искористен зејтин загадува околу милион литри чиста вода. Верувале или не! Тоа е просечна количина на вода што човек ја конзумира за 14 години.

Како од сега па натаму?

Фино, зејтинот го претураме во пластично шише и директ во канта за ѓубре.

За наше добро, природата ќе ни биде благодарна!!!

Посетено 278 пати