Кафулето што прибира бездомни кучиња навечер

stray-dogs-sleep-cafe-hot-spot-lesbos-greece-11
Во Грција, многу луѓе си ги напуштаат милениците затоа што
не можат да си дозволат да се грижат за нив.
Едно кафуле е нивното прибежиште.
Hott Spott, кафуле на Лезбос, од јули годинава почна да ги отвора своите врати за бездомните животни и им дозволува таму да преноќат. „Кога се затвора барот секоја вечер, кучињата доаѓаат и спијат тука.Од јули, секоја вечер има по некое куче на каучите“, изјавил еден келнер во кафулето.
Островот Лезбос веќе некое време е и епицентар на кризата со бегалците: „Мештаните се посолидаризирани во однос на еколошките и хуманистичките прашања. Новата генерација е почувствителна и подобро информирана“, изјавил Еустратиос Папанис, чија оригинална фотографија од кафулето стана вирална откако ја сподели на 3-ти декември.
Посетено 2.138 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!