Канје, жити Бога не го препевај Боуви

kanye-west-david-bowie-tribute-album-001
Илјадници луѓе потпишаа петиција во обид да го спречат Канје Вест да сними трибјут албум за Дејвид Боуви.

Петицијата моментално има над 7.000 потписи иако не ни има официјална потврда ни од Канје ни од неговиот тим дека таков албум се планира.

Веста потекнува од The Daily Star, каде што се наведува дека раперот испробувал свои верзии од „Rebel Rebel“ и „Heroes“, повикувајќи се на анонимен извор кој изјавил дека дури има и снимки на кои Канје пее, односно рапува со сопствен текст врз музиката на Боуви.
Според креаторот на петицијата, извесен Питер Пирана, Канје не смее да направи музички трибјут. „Дејвид Боуви беше еден од најважните музичари на 20-тиот и 21-виот век, и би било сквернавење тоа да се упропасти од Канје Вест“.
Меѓу коментарите од поддржувачите на петицијата се наведува дека „Дејвид Боуви бил уникатен и екстремно талентиран артист, ништо слично на музиката на Канје или начинот на којшто и се претставува на јавноста“, или дека „Канје Вест е Доналд Трамп на музиката“.
Посетено 470 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!