Синоличка Трпкова: Таа во студиото што гостувала кај Чом со Румена што рекла дека не е феминистка – сум јас.

фото: принтскрин телма

Таа во студиото што гостувала кај Чом со Румена што рекла дека не е феминистка – сум јас. Човек да се згрози просто…Дали следува судење и казна, зашто мојата “борба” за права на жената не се вкалапува со таа од феминистките…Секогаш ќе бидам на страна на слабите и осамените, без разлика дали се жени или мажи (вториве се неретко се’ почесто сами и слаби исто така). Ви ја почитувам борбата, почитувајте ја и мојата, индивидуална. Не поминаа незабележано сите коментари и “от -вренднувања” по повод моите различни ставови во изминативе години. Но тоа е животот. Не сме сите исти, ниту пак треба да бидеме, оти убавините се во разликите. Работам со млади луѓе, мажи и жени секојдневно – прашајте ги нив подобро, за да ви кажат, што правам. Мислам дека доволно успевам да внесам храброст, почит и соработка меѓу двата пола, онаму каде е најважно. Среќен празник!

Синоличка Трпкова

Посетено 3.372 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!