Синоличка Трпкова: После филмот сите размислуваат, пишуваат, дебатираат, како да и’ помогнат на Атиџе…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мајка Ти и Татко Ти (@majkatiitatkoti) on

После филмот сите размислуваат, пишуваат, дебатираат, како да и’ помогнат на Атиџе…Никој не ни виде како всушност таа ни помага нам. Зборовите – подарува, донира, спасува одекнуваат околу нас, а никој да забележи дека сите ние, “цивилизираните и спастрените”, сосе политиките заедно, сме за спасување. Атиџе ни го покажува патот кон природата и симбиозата со неа, ама нашите врвови се канцеларии, удобни фотељи, неработење, па така од тој агол мислиме дека и нејзиниот врв е тоа…Демек сите ние збутани во град, со загадување на најјако и со “клати врата земај плата” сме среќни, а таа несреќна!?

Среќата всушност да ти доаѓала од намештаите, џиповите, лујвитоните, шопинзите, софрите на државна сметка, ботоксот, необразованоста, ѓубрето, корупцијата и политичките функции…

Фејсбук статус: Синоличка Трпкова

Посетено 17.375 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!