Самоубиството било срам за семејството?!

Срам за семејството било ако некој се обидел да се самоубие или се самоубил.

Не е тоа срам. Срам е да го доведеш човека во таква ситуација! А, знаете чија рана највише боли? Онаа од најблиските. Према тоа, не зборувајте за срам, ве молам.

Најблиските се тие што треба да воочат доколку некој се справува со некоја тешка емотивна состојба, депресија или анксиозност.

Со поимот самоубиство се соочив уште на 14 години кога едно дете си го одзема животот на свои 15 години. Приказните беа разни, но самоубиството било планирано бидејќи имаше и проштално писмо. Скоро секој самоубиец има проштално писмо и во нив се спомнуваат имињата на најблиските.

Оние кои се самоубиваат мислат секогаш на најблиските, но дали и најблиските мислат на нив?!

Размислете пред да обвинувате некого и да одредувате дали бил кукавица или храбрец.

Самоубиството никогаш ама баш никогаш не било решение! Никогаш нема да го оправдам тој чин иако со него се соочив дури неколку пати во животот. И тоа беа луѓе коишто лично ги знам и познавам, а една од тие личности ми значеше повеќе од се… за жал.

Не осудувајте никого за своето справување со својата депресија бидејќи не знаете што точно довело до тоа. Осудувајте неправда, осудувајте педофилија, осудувајте било каков вид на насилство, осудувајте убиства, осудувајте изживување, осудувајте лечење на комплекси и фрустрации…

Осудувајте. Но, не ја осудувајте нечијата болка.

И сето ова го пишувам затоа што знам дека нејќете да сте во кожа на оној кој мисли дека нема што повеќе да изгуби. Нејќете.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 10.001 пати