Јована Јоксимовиќ, зборуваме за ДЕПРЕСИЈА, а не за некакви вештачки трепки! (ВИДЕО)

Пред неколку дена, вирално се прошири видеото каде водителката Јована Јоксимовиќ се обиде да ја понижи својата помлада колешка Жељка во текот на еден прилог за празничната депресија. А, еве и за што станува збор:

Драга Јована, понекогаш знам да те упецам на Јутуб следејќи ги твоите гости, меѓу кои мојата омилена Ведрана Рудан која е вистинска ноќна мора за повеќето новинари.

И во едно од тие интервјуа, проба да го избрише подот со тебе, зборувајќи за твојот сопруг. Па, дали тебе ти беше пријатно во тој момент? Не верувам. Никој не сака да слуша муабети за оние к ои ги сакаме, како ни за нас самите. Но, ако стануваме исти како другите, тогаш ние сме полоши. Иако, Ведрана е човек кој денес го гледаш – утре не, а ти твојата колешка секој ден веројатно, по неколку пати. Можеби и кафе пиете… а, толку јавно да ја експонираш својата дрскост и невкусост, не оди, нели?

И што и да е депресивна? Тебе, мене, ќе ни смени ли нешто? Мислиш ли дека така лесно луѓето признаваат дека се депресивни? Дали мислиш дека депресијата е шала? Дали мислиш дека вреди да се шегува со неа? Дали сфаќаш дека видеото го изгледале илјадници жртви/потенцијални жртви на депресијата? Дали за дел од секонуда помисли како тие се чувствуваат додека ти велиш дека таа треба да биде весела и расположена додека разговара со психијатар за една мошне сериозна состојба?

Не. Одговорот е сигурно не.

Бидејќи трезвен човек не се шали со таа состојба. Добро, дали мора кај секого да има празнична ЕУФОРИЈА? Знаеш ли дека се’ е состојба на умот и се’ е релативно? Како некој да се радува ако е празен и осамен? Како некој да стави шминка во 5. наутро и да изгледа совршено добро? Како? Не можат сите, верувај.

Си се оплеска самата. Ќе си ја пуштам Ведрана уште еднаш, а богами и тука, па да видиме како ти се чувствуваш кога некој си игра со тебе пинг-понг:

И не, Жељка не е депресивна. Ако сакаш да дознаеш како навистина изгледа таа, еве ти прочитај ТУКА!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.271 пати