Да не беа „простите и бавни“ продавачки и хигиеничарите, ќе ве прашав како ќе се снаоѓавте! Поединечно БРАВО за секој од нив!

Веќе неколку недели трае лудилото со коронавирусот, додуша се преземаа доста строги мерки околу воведување на ред кај народецов кој не сака да слуша…

Некој ќе ме рече: „Ти си луда што сакаш полициски час!“ – „Луда сум, луда… ама за овој народ е малку! Треба да заигра и понекој стап!“

Не затоа што сум садомазохист, туку затоа што со овој народ едноставно нема разбирачка. Овој народ не сака да разбере кога му црташ дека не може вака, дека мора да седи дома, дека мора да слуша…

А, од друга страна тука се оние кои мораат да одат на работа. Кои мораат да седат таму за да ве услужат и да ја одржуваат хигиената.

До вчера „простите и бавни“ продавачки денес се тука да ви подадат залихи. Да носат постојано маски и да се грижат како ќе се вратат безбедно дома кај своите дечиња, кај своите најмили. Додека по пат ќе ги сретнат оние од Комунално или ќе ги поздрават хигиеничарите во јавните установи како беспрекорно одржуваат хигиена додека сите очи и прсти се впрени кон нив.

Ги омаловажувате оние од кои сега чекате да ви подадат килограм плус брашно, нов пакет тоалетна и квасец… без да знаете дека многумина од нив имаат факултет и надеж за подобро утро.

Ги прекорувате и навредувате оние кои за минимална плата го жртвуваат својот живот за вие да го имате она што ви е потребно.

Ги ставате на последно место оние кои се трудат вас како муштерии да ве стават на прво, бидејќи нели „муштеријата секогаш е во право“.

Јас немам ништо што друго да кажам, освен едно огромно БРАВО за секоја претрпена навреда и доживеана тензија, за секое трпение и за секој створен притисок.

Имам доста другарки касиерки, можам да речам дека речиси во секој имам по една. И за секоја од нив знам зошто трпи „навреди и омаловажувања“ и колку е изморена особено во вакви периоди. И со секоја од нив се гордрам.

Бидејќи професијата не те прави човек, туку нешто за кое не ни постои диплома… а, тоа е домашното воспитување.

Марија Прличкова

Посетено 67.333 пати