СРЦКА Е ОВАА МИНИ МАУС

Никогаш више не идам во кафанаmini maus_majkatiitatkoti
со другар дупло поголем од мене
кој многу јаде и се губи кога е пијан
Е па така и овој Стево во моменти на исконска глад
и ќоросан мозок мене ме изеде, ме голтна на екс
Не знам како му заличив на храна?
Сериозно, кујнски аспиратор е повкусен од мене
Нема врска, да не ви објаснувам како
искочив од неговиот стомак,
ептен не е за во јавност а него го шкртнав од мојов список
за кафански другари.. засекогаш
Дојдов дома, се избањав од гнасотиите,
упалив Cartoon Network
и налетувам на сцена во која Мики Маус и Мини Маус се тепаат
Уствари тоа е нерамноправна борба бидејќи
Мики ја крши од мавање
Ги гледам и не ми се верува, порано овие
цртани беа за смеење, сега крв на сите страни
„да не си мрднала“- сржа Мики и отиде да моча
Наеднаш преку целиот екран се појавува
исчуканото лице на Мини и со тажен глас вика
„спаси ме, те молам спаси ме, извади ме од тука“
Се разбира каков џентлмен сум одма бутнав рака низ екранот,
ја фатив и ја извлеков од телевизорот
„ејј врати ја “- го гледам Мики како трча кон нас,
станува се поголем и поголем
и точно пред да помине низ екранот
го исклучив телевизорот.
Се слушна само некој силен удар и толку, тишина
Највероватно скршил глава ама кој го ебе
„фала ти многу што ме спаси“- прозборе Мини
„нема зошто, среди се малку па ќе те носам на пица
со 4, ма не 4, со 8 видови сирење
„стварно?“
„да ма “
„супер, а каде е купатилото?
Ја фатив за рака и ја однесов
ама се погоди зафатено,
едно глувче со розево фустанче се шминка
пред новото огледало што го купив на попуст
„Кое е глувчево во розево фустанче?, баш е слатко“
„Нема име и сигурно има состанок со еден глушец-фраер
што живее во гаражите, само за него овака се дотерува“
„А она тука живее?“
„Не тука, позади фрижидер“
Заврши глувчето со шминкање и кога помина
покрај нас ја погледна Мини Маус и само искоментира
„уауу, колкавa си, никад нема дечко да си фатиш“
И така, се дотера Мини, топ се направи,
отидовме на пица
испивме по некое вино, пиво, вероватно и ракија и по некоја текила,
истеравме една пријатна и забавна вечер
Се враќаме кај мене и
„ќе мора да спиеме во ист кревет, немам друг“
-полупијано и’ викам
„ако, не ми смета..само навиј го саатот во 8“
„8??.. зошто,не е рано?“- мрчам по малце
„ не знам, од навика“
„ок, како ќе кажеш“
Легнавме и после некое време ја осеќам нејзината рака
меѓу моите нозе
„Мини што правиш?“
Не ми одговори само ја бутна и главата под ќебето
„Мини ма, Миниии..аххх убавоо еее“
И така, да не навлегувам во детаљи,
ама утре пак ќе гледам цртани
и ако може Црвенкапа ќе ја извадам од телевизор
Уствари не, малолетна е
ама може Снежана или Пепелашка
Да, супер би било

Посетено 1.214 пати