Силеџиство на училиште
Дознајте кои се вообичаените знаци дека вашето дете е предмет на силеџиство и како да му помогнете
[dropcap]Р[/dropcap]ечиси секое дете во текот на растењето и одењето на училиште се соочува со силеџиство. Овој чин на насилство е сè поприсутен помеѓу децата на училишна возраст и, оттука, е важно секој родител да поразговара и да го едуцира своето дете на оваа тема. Силеџиството и насилството помеѓу децата може да се појави на предучилишна или училишна возраст и често може да трае подолг период и да се манифестира на многу различни начини меѓу кои, најчести се промени во расположение, несоница, депресија. Кои се првите знаци на силеџиство помеѓу децата и како да му помогнете на своето дете?
Форми на силеџиство на училиште
Силеџиството помеѓу децата на училиште може да се забележи во повеќе форми: вербално силеџиство кое подразбира закани, именување со различни навредливи имиња и прекари; психолошко силеџиство кое подразбира ширење невистини, исмевање и избегнувањево друштво; физичко силеџиство кое подразбира тепање, туркање, крадење пари или лични предмети и сл. Многу е важно да се напомене дека секоја од трите форми на силеџиството претставува подеднакво трауматичен чин на насилство кај децата. Ефектите и последиците од силеџиството на училиште понекогаш може многу сериозно да се одрази на однесувањето на детето коешто било злоставувано, поради што е неопходно постојано да се разговара со нив и да се следи нивниот психички и физички развој.