Последно возење, без дестинација, последна солза, задржана

Трошки од леб, веќе изеден.
Последна капка од дожд, веќе потрошен.
Последен зрак од сонце, веќе зајдено.
Последна шанса, пропуштена.
Последен бакнеж, бездушен.
Последна прегратка, без раце.
Последен поглед, провиден.
Последен збор, неизустен.
Последна емоција, не постоечка, но болна.
Последна љубов, виновна.
Последна солза, задржана.
Последна кнедла, застаната, не се мрднува.
Последна надеж, веќе умрена.
Последна лага, вистинска.
Последна тајна, откриена.
Последна вистина, премолчена.
Последно изневерување, откриено, без признание.
Последно водење на љубов, обичен секс.
Последна насмевка, вештачка.
Последна фрустрација, олеснителна.
Последно напуштање, незабележително.
Последно возење, без дестинација.
Последно живеење во смртта, умрено.
Тој што разбра, разбра, тој што не разбра нека препрочита за последен пат, повторно и повторно.

Посетено 3.307 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!