Не можете да ги спасите “скршените”луѓе кои сами не сакаат да се спасат
Не е важно кои сте, ниту пак во каква позиција се наоѓате. Едно е сигурно, животот секако ќе ви биде борба. Некои се борат повеќе од останатите, на различни начини, но на крајот, сите ние се бориме за да живееме.
Тоа е вистинската причина поради која човечките суштества си се потребни едни на други- бидејќи, повеќето, без да се потпрат на некој тешко можат да успеат. Веројатно никој од нас не би можел. На луѓето им требаат други луѓе во нивните животи, добрите луѓе се секогаш подготвени да им помогнат на пријателите кога има потреба.
Често, проблем е да се разбере што може а што не може да помогне. Почесто, подадената рака за помош се претвора во бастун. Иако бастуните се понекогаш потребни, сепак ако се потпирате на нив предолго ќе станете послаби.
Ако подолго не ги користите вашите нозе, ќе ви биде потешко кога конечно ќе треба да ги употребите.
Кога се наоѓаме во тешка ситуација, примаме било каква помош и да најдеме. Проблемот е што бараме повеќе отколку што треба- тоа е природата на човекот. Па, ако вие му помагате на вашиот пријател повторно да застане на нозе, мора претходно да бидете сигурни дека му помагате на начин на кој навистина треба.
Ако му давате поддршка, тогаш му потпомагате за тој самиот да си помогне- а ако сте само нечиј бастун, тогаш му помагате како да тој не може да си помогне сам.
Направете напори за што е можно помалку да се потпирате на други луѓе. Можеби некој не се согласува, но јас верувам дека е така. Ако не можете да избегнете да се потпирате на некој, тогаш подобро и да не правите ништо.
Моето верување не потекнува од помислата дека не треба да им се верува на луѓето, или пак да се потрудиме да го живееме животот во осаменост. Наместо тоа, во било кој момент од животот, можете да сфатите дека се потпирате на погрешни луѓе. Тоа се случува. А кога ќе се случи, единствено вие плаќате за се.
Како и да е, понекогаш немаме друг избор освен да побараме помош. Понекогаш се наоѓаме во ситуации кога висиме од карпата, а нашите раце се премногу слаби за да се задржиме. Токму за во ваквите моменти ќе ви биде драго да имате некој на кој можете да се ослоните.
Ќе има и моменти кога ќе ви биде драго што не сте барале помош цело време. Луѓето не се толку желни да помогнат на оние кои постојано се во потрага по помош.
Да се биде нечија потпора е работа со полно работно време и станува се посложена како што одминува времето.
Во книгата “Toxic Charity” од Robert D. Lupton, авторот со декади врши добротворни работи и ги собира наодите од набљудувањата.
После години и години добротворна работа, тој всушност сфаќа колку е бескорисна, па дури и контрапродуктивна традиционалната добротворна работа. Наместо да им помогне на луѓето, таа ги остава во уште полоша состојба- секогаш.
Тој сфатил дека тоа што им давал подароци само довело до луѓето да бараат уште повеќе. А со текот на времето, тие дури и ги очекувале тие подароци како да имаат право на нив, притоа целосно ослонувајќи се на нив, без никакви планови за промени во животот.
Ако луѓето не можат да ја избегнат работата за да го постигнат она што го сакаат во животот, тогаш ќе работат. Ако одлучите да бидете нечија поткрепа, можно е да сфатите и дека таа личност само ве искористува. Тоа е во природата на човекот.
Луѓето никогаш нема да го променат начинот на живеење, освен ако не чувствуваат потреба дека треба да го направат тоа.
Со поддршката му помагате на вашиот пријател да стане личност каква што заслужува да биде.
Ако им дозволите и ги научите луѓето да си помогнат сами на себе тогаш е можно да се случи трајна, позитивна промена.
Како што вели поговорката-
‘Дај му на човекот риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови риби и ќе го нахраниш за целиот живот.’
Ова е тоа што го бараме. Ова е тоа што нашите пријатели или членови од семјството го бараат од нас. Не помагајте им со тоа што ќе и ги поправите животите или моменталните положби. Со тоа само ќе и ставите завој на раната на која и треба подобра медицинска помош.
Единствениот начин да им помогнете на луѓето е да им помогнете за да тие сами си помогнат, да им помогнете да разберат како можат да го издвојат најдоброто од дадената ситуација или пак да се извлечат.
Вистинската промена се случува кога се менува нашиот поглед на светот, на самите себе, на нашата иднина. Ваквите промени се тешко остварливи, бидејќи е потребен ремонт на нашата моментална реалност.
За среќа, вашите пријатели ве имаат во своите животи за да им помогнете да го пронајдат вистинскиот пат. Ако сте само столб за потпора на вашите пријатели пак, само го зацврстувате нивниот континуиран неуспех.
Единствениот начин да им помогнете на луѓето кои ги сакате е да им покажете колку се силни и интелигентни и колку потенцијал имаат во себе.
Повеќето луѓе не успеваат бидејќи во себе немаат желба да успеат. Други пак затоа што искрено веруваат дека не се способни да успеат. Луѓето кои успеваат не се случајност, тие успеваат бидејќи во своите умови знаат дека успехот е неизбежен.
Овие луѓе не се гатачки или врачари. Единственото нешто по кое се разликуваат од остатокот од светот е нивната способност да создадат иднина.
А единствениот начин да се создаде убава идина е прво да го видите тоа во вашите умови. Микеланџело прво го видел Давид во карпата, а потоа и го создал.
Морате да знаете каков живот сакате за да потоа се стремите кон тоа. И што е уште поважно, треба да верувате дека вашиот идеален живот може да се оствари. Не е секогаш лесно да имате таква верба во себе. Како да верувате дека можете да успеете- вистински да успеете- ако животот повеќепати ви го докажал спротивното?
Како другари, вашата обврска е да ги потсетите дури и да ги убедите вашите другарите дека животите за кои отсекогаш сонувале можат да станат реалност еден ден. Ова е поддршката која на сите ни треба.
Речиси сите луѓе можат да се грижат сами за себе- она што им е потребно на повеќето луѓе е потсетник дека можат да бидат големи ако самите го изберат тоа.