Не ми треба маж за да бидам среќна!
Девојки, што не е во ред со нас, зошто секогаш кога ќе не откачи некое момче, веднаш помислуваме дека проблемот е токму во нас?
Ние сме прекрасни, а штом тој некој не го забележал тоа, сигурно проблемот е во неговата глава и диоптер наместо во нашата психа.
Премногу размислување, анализа на секој детал од времето поминато заедно, помислување на тоа дека сме направиле некоја грешка или сме кажале нешто што не треба се само неколку од работите кои ги правиме откако момчето ќе не откачи без да ја знаеме вистинската причина.
Ветил дека ќе се јави, но не се јавил. Па, што? Секогаш гледајте ја позитивната страна, можеби го удрила кола или го изгубил бројот.
Иако ја знаеме вистинската страна, онаа негативната нема потреба истата да ни го преокупира мозокот со глупави предрасуди за себе, бидејќи девојки знаете што, нас не ни треба маж за да бидеме среќни!
Да, добро слушнавте.
Можеби е убаво да најдете некого кој ќе сака старомодната врска како и вас, но додека тој вистинскиот се појави, бакнувајте жаби и смејте им се во лице поради тоа што никогаш нема да станат ваши принцови.
Кога ќе се појави вистинскиот принц, вие ќе го препознаете, верувајте ми.
Можеби и јас го немам пронајдено се уште, но верувам во сродна душа и вистинска љубов до крајот на вечноста, а идиотот кој не се јавил сигурно нема да ми го пружи тоа бидејќи нема потенцијал и капацитет за принц.
Верувајте и вие, бидете среќни. Никогаш не ја губете надежта, само поради некој идиот кој своите фрустрации од пропаднатата врска со бившата одлучил да ги истура врз вас со тоа што си мислел дека ќе ве искористи и нема да ви се јави повторно.
Таквите нема да завршат славно во животот бидејќи наместо да го отворат срцето и да го исполнат со љубов, оставаат омразата кон женскиот пол само поради една гуска да ги затруе.
Вас не ви треба само маж кој ќе ве направи среќни. Вие можете да бидете среќни и сами, се додека не најдете вистински маж кој ќе ви докаже дека сепак љубовта постои!