Дрвцата Се Збуниле!

[fblike]kosteni1_majkatiitatkoti

Овие костени, кои имаат жолти лисја и зрели плодови, пуштиле нови цветови, како да е април. Така и некои луѓе, мажи и жени, наеднаш пуштаат по некое пролетно гранче иако навлегле во педесетите. Мажите купуваат мотор и стануваат “дечко”, а жените девојченца, слабеат и се носат тинејџерски. Еднаш, бев на роденден кај жена што прославуваше 50, во Италија, богаташкава си направи дури и кикички покрај сукњата како чадорче и кратка. Се прашувам дали е тоа во нашите глави или сепак, одредена возраст треба да се сообрази со сопствените граници…Мало претерување и станува смешно – од назад девојче, а напред брчки, што не значи дека треба да се стане “теткица”. Претпоставувам работата е во мерката, тоа го прави стилот или кичот. Но ако тоа може да им се случи и на костените, (а зошто па само тие од сите видови?) Не е страшно ни за луѓето. Што мислите ве?
Сеси
Посетено 2.301 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!