Дали ќе ми веруваш?

cura na fotelja-sonja_majkatiitatkoti

Дали?
Ако ти кажам дека ми фалиш..
ми фалиш како бран во мирна вода
како сонце за тегла маслинов зејтин со кантарион
како ладно место за тегла љутица
како такси до дома во дождлив ден
како семе во плодна земја
како месечина во темна ноќ
како wi-fi за итна порака
како последна цигара пред апстиненција
како печат на рака во диско за пуш-пауза надвор
како кислород во авион со турбуленции
како тврд душек за болна кичма
како балзам за оштетена коса
како чај од нане за нервозен стомак
како батерија за застанат саат..
Кој? Ти?
нема да ми веруваш, а и нема потреба,
зошто
ти ниту постоиш,
ниту опстоиш.
само си замислен, измислен,
вода те измила и однела.
Затоа, не верувај..

Посетено 2.723 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!