8 начини како да ги спречите социјалните мрежи да ја уништат вашата самодоверба

Дали сметате дека понекогаш претерувате со Инстаграм и Фејсбук? Опседнати сте со нечиј совршен живот, работа, момче, тело, стил или што и да било. Не грижете се. Секој понекогаш се наоѓа во таква ситуација. Следниот пак кога ќе се вклучите на Инстаграм и ќе помислите “нејзиниот живот е многу подобар од мојот”, имајте го на ум следново- социјалните мрежи се неверојатни средства за инспирација. Не треба да ви претставуваат основа за да се мразите самите себе ниту пак да ве направат несигурни личности.

socijalni mrezi_majkatiitatkoti
Еве неколку начини кои ќе ви помогнат да ги откриете начините на кои ќе можете повеќе да се цените самите себе.

1. Треба да сфатитите дека има доволно среќа, убавина и успех за сите. 

Не значи дека вашиот живот не е добар или дека не можете да имате добар живот само затоа што вие сте преокупирани со нечиј друг живот. Колку повеќе добри животи, толку подобро.


2. Самокритиката претворете ја во инспирација. 

Луѓето постојано објавуваат слики на социјалните мрежи, а вие се восхитувате на нивниот беспрекорен стил. Наместо да се разочарувате, искористете ги тие слики како извор на инспирација. Се она што го гледате на таа личност, го имате и вие, само што не знаете да го користите на ист начин. Издвојте што точно ви се допаѓа од изгледот на таа личност, а потоа создадете своја уникатна верзија.


3. Направете листа за работите кои прават да се чувствувате пријатно. 

Чувството на пријатност ја фрла во сенка споредбата. Доколку забележите дека се споредувате со некој и тоа е на негативен начин, обидете се да го смените за нешто што прави да се почувствувате пријатно и запишете го. Навратете се повторно кога ќе посакате.


4. Сфатете дека социјалните мрежи се само маска, а не и она што се случува позади сцената. 

Да претпоставиме дека следите некој кој има неверојатно прекрасна работа и постојано споделува слики од возбудливите работи кои ги прави секој ден, додека вие само седите во вашето биро. Сфатете дека и таа личност веројатно работи многу, можеби и понапорано од вас, само што тие слики не се поставени на Instagram. Секоја професија со себе носи свои предности и недостатоци. Престанете да се фокусирате само на негативната страна и прифатете дека имате прекрасна кариера, иако можеби претходно не сте го забележале тоа.


 5. Направете листа од големите и мали моменти во животот, токму тие ве прават среќни. 

Кога ќе определите точно кои моменти од денот или неделата ви се најважни (прошетките со вашето момче, пазарувањето со вашите пријателки итн.) не двоумете се ниту за миг. Сметајте го тоа за важен состанок и не обидувајте се да го откажете. Доколку денот го исполните со мигови кои ве прават среќни, тогаш ќе уживате во се повеќе позитивни чувства и ќе имате позитивен поглед на работите.


 6. Наместо само да реагирате на дадените ситуации, бидете проактивни. 

Кога ќе започнете да се споредувате со другите, вие само реагирате на ситуацијата. Наместо да се нервирате за текот во кој оди вашиот живот, направете нешто! Одредете ги вашите цели и превземете ги потребните чекори за да стигнете до посакуваната цел. Дури и малите, едноставни нешта можат да ви го развеселат духот.


 7. Бидете креативни. 

Комбинирајте ги парчињата облека, со пријателите правете рачни изработки или експериментирајте со некој нов рецепт. Направете нешто оригинално. Креативноста е одличен начин да ги победите лошите мигови, бидејќи креативното изразување на личноста е еден од начините на кои можете да се подобрите. Потсетете се колку можете да бидете креативни на ваш уникатен начин.


 8. Испратете и љубов и позитивни вибрации на личноста со која се споредувате.

Најчесто споредбата произлегува од негативни мисли како што се поредрасудите и критиките. Но кога сте навистина среќни и благодарни на другите луѓе, дури и да не ги познавате тие личности, вие веќе им испраќате позитивна енергија.

Посетено 3.413 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!