Уапсена девојката што пушеше џоинт на скопските улици!
И кој вика дека немаме ефикасна полиција бе?! Да не ве чујам да сте зуцнале! Сега притвор, па неколку години затвор ќе ја осудат гарант. Условна, па условна, па условна викате… Нема да има, неееее! Овде се работи за заштита на безбедноста и животот на сите нас. Девојката не нападна и нас и државата со марихуаната и сега ќе им прави друштво на другите големи криминалци кои полицијата исто така со брза и ефективна интервенција ги уапси. Зборам за нападот од невидени размери на опасната баба што ја уапсија бидејќи гаташе на кафе, за чичкото што безмилосно не нападна со марулите што ги продаваше на картон на пазар и оној гладниот што не нападна со ќебапите кои ги изеде. Е така. Сега сите вечер мирно ќе спиеме оти ќе нема кој да не нападне и сотре, полицијата расчисти со последната голема закана за мирот и безбедноста во државава, разбирате колку е голема акцијава?! Само да се ломотело и мавало по МВР без потреба! Незадоволници брееее!