Стануј СОНЦЕ надвор отиде маглата, колата да ја испереш
1989-та работев како келнер у Јурист. Работеа и Треска и Железара и Хром и Стаклара и Охис и Металски и Алумина. Се возеше Југо Фичо и тектук по некој Голф. Памтам јануар фебруар имаше 45 дена магла. Да да 45 ДЕНА МАГЛА и пошто келнер а работно време беше док има гости, легнуев у пет сабајле (темница) стануев у пет попладне (темница). Бел ден немав видено а не ми ни фалеше. И памтам недела сабајле десет единаесет саат после 45 дена татко ми влага у соба ме буди и вика – стануј СОНЦЕ надвор отиде маглата, колата да ја испереш. И ете ЖИВ СУМ.
Посетено 1.253 пати