Ти благодарам што те има, што си се од кое имам потреба…

Често погледнувам назад кон животот и осознавам колку важен дел во животот имаш одиграно, за да ме оддржиш стабилна кога дел од мојот свет се распаѓа. Како знаеш што да кажеш и направиш во моментите кога осеќав како контролата ми се лизга низ прсти. Дури и ако пропуштиш нешто, ќе се чуеме, видиме на кафе и ме слушаш, се обидуваш да го расплетеш хаосот од мисли кои ми татнат во глава.

Ти си тивкиот глас кој ме охрабрува во деновите кога чувствувам дека се што допирам – се распаѓа. Кога сакав да се откажам, кога сум се сомневала во се и секого, ти ме убедуваше дека сум на прав пат. Ти си раката зад мојот грб, кога ме водиш по секоја стапка од патот, кој мене ми изгледаше доста темен, доста долг и доста далеку од мене.

Не ми дозволи да се поколебам, да застанам или да се свртам.

Со мене си и во 4 наутро, кога тој не одговорил на пораките или сме имале мали расправии и има заспано приклештен до работ на креветот, залепен на тој ладен ѕид, далеку од моето тело. Го имам целото твое внимание, како да ти немаш ништо друго попаметно, како да немаш свој живот..

Ме натера да се чувствувам како само јас да имам значење, дури и да сум егоист, дури и да е поради глупавата моја драма – ти ме натера да поверувам дека се нешто има значење.

Ти си човекот со кого знам дека можам да разговарам за се, и дека потполно е прифатливо пред тебе гласно да ги кажам моите мисли, какви и да биле. Ништо со тебе нема граници. Одвојуваш време за часови полни со смеа, вино, тон калории и долга ноќ без сон, разговори за се и ништо. Ги имаш анулирано плановите во последната минута, за да дојдеш на собири кои апсолутно не би можела да ги посетам сама, зошто знаеш дека понекогаш социјалната тревога ме парализира. Знаеш, зошто и ти чувствуваш и секој пат кога ме удараат како ураган, ја чувствувам твојата рака во мојата и знам дека нема да се срушам, не и овој пат.

И кога те сретнав, чувствував како да сум те познавала целиот живот.

За неколку дена си ги знаевме и историите. Паметиш и како го пијам кафето и како го пребродувам лошиот ден и лудото расположение.

И знаеш што следува сега, нели? Ти благодарам. Ти благодарам што те има, што си се од кое имам потреба, зошто си човек кој секогаш чекам со нетрпение да го видам, кој ме тера да го прередам мозаикот, само за да имаме половина час да позбориме, дури и за досадни нешта.

Ти благодарам за деновите во кои скитавме низ град, се глупиравме и планиравме возбудливи средби за некој месец. Ти благодарам што ме натера да се чувствувам силна, зошто си човек на кого сакам да пишам одма, кога и да се случи нешто смешно, неверојатно или тажно, зошто твоите зборови се единствените кои имаат значење.

Ти благодарам за тоа што си. Зошто знаеш што точно треба да кажеш и кога да го кажеш или кога едноставно да замолчиш. Кога се што ми треба е прегратка.

Ти благодарам зошто веруваш во секоја моја глупава желба која ми се мота низ глава и се возбудуваш за работи кои никој друг не ги разбира. Ти благодарам што ги прифаќаш моите емоции, секогаш.

Ти благодарам за тоа што ми го спасуваш животот постојано и не бараш признание, ама со сигурност го заслужуваш!

Ivana Ivanchy

Посетено 2.284 пати