Никола Тесла од Чаир

tesla od cair_majkatiitatkoti
Вo Чаир се шлаам по улица а едно дете иде пред мене
и на конец влече 2 мрсула
-Дете, зошто ги влечеш така мрсулите?
-Мои се, што сакам ќе им правам
-Не мислев тоа, него овака многу се прљаат,
уопште не изгледаат убаво
-Мене ми се убави
-Да ама зошто не ги качиш на скејтборд на пример,
ем ќе ги влечеш ем чисти ќе бидат
-А ти чичко- фосил што не си гледаш твоја работа?
Е тука ме изнервира, му ги згазив мрсулите,
му удрив чврга и си продолжил
-МАМОООО, еден чичко ми ги згази мрсулитееее!!!
-е ако де, извади си нови – го теши мајка му
-Ама немам више, последни ми беа
-Сакаш од моите?
-Не, гадни се твоите
-Е како не, твоите да не се поубави?
-Се
-Така значи, нема денес гледање телевизија
цел ден физика ќе учиш
-Ама мамо!!!
-Нема ама – го фати за уши и почна да го тегне накај дома
Ако некогаш детево стане некој опасен физичар
или барем експерт по човекови права
баш ќе ми биде мило на душава
пошто да не му ги згазив мрсулите
вероватно немаше никогаш книга да фати

Посетено 1.913 пати