Тестенини со пилешки гради во сос од зеленчук
Сосовите се најчесто нешто што му го дава оној дополнителен шмек на секое јадење подготвено со тестенини. Некои се на база на месо, некои на зеленчук, а некои, како овој во рецептов, се составени и од месо и од зеленчук.
Состојки:
Компири – 1 кг.
Моркови – 1
Лук – 2 чешниња
Пиперка (жолта) – 1
Црвен кромид – 1
Сончогледово масло – 80 мл.
Сол – по вкус
Рузмарин – по вкус
Телешки рерба – 500 гр.
Инструкции:
Чекор 1:
Излупете ги и изрендајте ги морковите и тиквичките, исчистете и исечкајте го кромидот и исечете ги пилешките гради на помалку ленти. На маслиново масло потпржете го кромидот додека не добие благ вкус, а потоа додадете ги пилешките гради и продолжете со пржење на тивок оган.
Чекор 2:
Кога течноста која ќе ја пушти месото ќе испари додадете ги изренданите моркови и малку посолете го зеленчукот и месото. По 5 минути додајте ја и изренданата тиквичка и оставете уште 5 минути на тивок оган.
Чекор 3:
На состојките додадете им пасиран домат и зачинете по вкус. Добро промешајте, поклопете со поклопец и варете околу 15 минути. Пред крајот на варењето во сосот вмешајте хопла.
Чекор 4:
Додека сосот се вари сварете ги тестенините кои кога ќе бидат готови веднаш измешајте ги со сосот и послужете.
Посетено 1.577 пати