Доста со тоа ние сме “пиреј”, преку глава ми е да ме корнат, па пак да изникнуем


Доста со тоа ние сме “пиреј”, преку глава ми е да ме корнат, па пак да изникнуем. Време е да смениме чип и да бидеме “Шарпланец”! Кај шарпланинецот се знае не те рчка док не му влезеш у територија, а ако му влезеш ќе те распарчи. Дури и волците праат математика коа треба да му улетаат у бачило, секогаш го напаѓаат групно свесни дека ќе го решат, но истовремено свесни и дека минимум двајца ќе ги однесе со него. Затоа и ретко му влагаат у дуел, а кога влагаат… тоа го прават со огромна почит. Кога сме шарпланици секогаш добиваме, без утка. Комитите, Партизаните беа шарпланинци.

Симон Трпчевски е Шарпланинец со елеганија на Рис. Дарко Панчев, Илија Најдовски се шарпланинци. Перо Антиќ, Врба, Илиески коа играа у Литванија не играа ко бавча, па кој стигне да ги корне, напротив играа ко шарпланинци (не само Шара туку Балкан сосе цела Европа им се тресеше). Пандев, Алиовски, Елмас и цел тим од пред некој ден не делуваа дека сакаат некој да ги корне иако на трева играа, и тие го разбудија ѕверот-шарпланинецот во нив и згазија. За Столе и Кире ич да не праиме муабет, не само шо се шарпланинци, туку и Карамани (две у едно). Гоце Делчев , тој беше Шарпланинец, и тоа со МУСТАЌИ.

Сега е време за шарпланинецот, како шарпланици да зааржиме на астал, да видите тогаш како сите наши братски соседи ќе сменат понашање. Докурца од нив више. До тогаш нек не гледаат на Еуро у Фудбал и Ракомет, и ИЧ не ми е гајле дал ќе навиваат за нас.

Александар  Цезар Коневски

Посетено 1.933 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!