А++ Кредит – нов производ на Охридска банка наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи
Охридска банка Сосиете Женерал, во своето кредитно портфолио воведува нов А++ кредит, наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи за домот. А++ кредитот, е дел од кредитната линија од програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy – GEFF), поддржана од Европска Унија, со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија.А++ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите да набавуваат производи и да инвестираат во технологии со повисоко ниво на енергетска ефикасност, што придонесува за создавање на енергетско ефикасен дом. Со имплементација на технологиите поддржани од А++ кредитот клиентите ќе заштедат на енергија и ќе ги намалат своите трошоци, а истовремено ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот и животната средина.
Главна карактеристика на А++ Кредит е повратот на средства кој го добиваат корисниците на кредитот, кој достигнува и до 20% од вкупната вредност на инвестицијата.
Кредитот е со каматна стапка од 5,5% и нуди можност за вклучување на кредитно животно осигурување, што дава дополнитен бенефит за клиентите. Овозможениот поврат на средства од 20%, ја прави оваа кредитна линија, привлечна и исплатлива за сите оние кои планираат да инвестираат во својот дом, набавувајќи производи со повисоко ниво на енергетска ефикасност. Така, во голем број случаи, вредноста на повратот на средствата може во целост да ја надомести вкупната камата за кредитот.. Процентот на поврат на средства за вкупната инвестиција на клиентот, зависи од видот на производите и/или технологиите кои се купуваат. Начинот на пресметка, односно процентот на поврат на средства, може да се прочита на следниот линк: http://technology-mk.ebrdgeff.com/
Со воведување на А++ Кредитот во своето кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како општествено-одговорна компанија која преку низа различни проекти и активности настојува да влијае на подигнување на еко свеста како и унапредување на животната средина. Повеќе информации за А++ Кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата.
Комерцијален текст