Зоки Панкер

utrinsko nes

Првото кафе ми е истовремено и доручек или ручек,
зависи кога ќе станам
и го пијам штом ќе отворам очи
Уствари не одма , прво палам цигара додека да си дојдам на себе,
да ми помине стресот кога сонот
ми преаѓа во вистински, реален живот
Е тогаш сум спремен за кафето
Во оваа шоља која ја имам со години
ставам малку топла вода од бојлер
па кесичка Нескафе, 3 во 1, стронг ( од зелените)
Одма го правам и второто и дури тогаш мозокот почнува да ми работи
(колку-толку)
После го уклучувам и мобилниот па денот може да започне,
така да ја уствари го немам „првото“ утринско кафе,
ги имам „првите 2“
zoki panker_utrinsko kafe
Посетено 1.044 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!