Моето “долго” искачање пред да почне полициски час…

Петак – дан за метак, ај да бегам ја за да не ме фати полициски час…

Нема да го дрвам многу, ама моето вечерашно искачање од изолација (исклучиво навечер пред полициски час) се одвиваше вака:

Некни закаснив, постојав на улица пред моја куќа само 5 минути и толку беше, крај… враќање назад.

Вчера си викам, ај порано, ама стално се заборавам на компјутер, ипак успев да отидам до бензинска, мада не оти нешто ми требаше, се појачав со цигари и за некои 15 минути се вратив назад дома.

Вечерва откачив другари на тел, на кои им реков: „Ај ќе ви се јавам од надвор, идам да шетам“, ги заебав, не им се јавив, ништо страшно, ама еве зашто.

Вечерва, малку порано… околу 8 и петнаесет си праам кафе кое го ставам у голема пластична чаша за да не го истурам по пат, а си носам и мала за да го претурам. Од големата не можам да пијам, сум пробал и така.

 

Coffee, Tea or Me?

Петак дан за метак, ај ја да бегам да не ме фати полициски час…

#stayhome #fridaynight #coffeeandcigarettes #coffee #cigarettes #coffeaddict #busstation #traffic #friday #nightlife #skopje #macedonia

Posted by Sašo Piževski on Friday, March 27, 2020

Coffee, Tea or Me?

Врне надвор, стаам капуљачата на глава и неам гајле, ама сеа проблемот е кај да седнам за да го испијам кафето пошто има многу нелогичности у оваа ситуација, многу нелогични ствари кои прееска се потврдија уште еднаш.

Идам накај Партизанска, со маска на лице и ракавици на раце (можда ја претерав со ракавиците), се разминувам со еден дечко на моја улица кој иде накај мене од спротивната страна, а пошто врне сигурно и тој брза да си стигне на време дома. Нема маска, нема ништо на себе, можда ми е комшија, ама ја маскиран, па од кај ќе ме познае…

Ја глеам аутобускава, нема никој и си викам супер, пред да дојдам и седнам една девојка шета куче, а шо да праи кутрата по дождот… брза и таа да стигне дома.

Седнав, на автобуската постојка (така е правилно, нели?) под стреа, не ме врне па си палам цигара, си пијам кафе од малата чаша, лепота божја, се осеќам ко да сум у Трибека на тераса, ама ете заврнало па сеа Боже мој, важно има движение од народ (само коли и автобуси) и си уживам. Коа више стануе 8:45PM и се приближува еден дечко кој застанува на аутобуската, допивам кафето на екс, станувам и му викам: „Дечко може да си седнеш или да застанеш под стреава. Ја отидов, еве 15 до девет стана“. Он ми вика: „Фала, не чекам автобус“, на шо ја му викам: „Па шо чекаш, 9 саат за да те казнат“. „Татко ми го чекам“, ми рече.

Идам пак накај пумпа и пак не оти нешто ми треба, влагам. „Како е дечки“, им викам на вработените од Макпетрол за кого пак ќе си преќутам, а за вработените свака част.

„Како да е, гледаш и сам….“

Уште коа влегов кажав колку пакла цигари сакам, отидов земав еден јогурт и почињам да бирам од тие кафенцата мали шо ги немам или ги имам дома, ама за сваки случај зимам неколку кесички. Нови мерки утре, да не се измешам со времево пак.

Како бирам, дечкото ми вика: „Ајде бе, бегај дома, имаш уште 12 минутги, казна е 4.000 евра, имаш да ги платиш?“ Викам: „Не”, додека идам на каса, џандар си купил нешто и чека на метро пред мене да му наплатат.

Плаќам и искачам, више скоро жив чоек ни кола нема надвор, освен полициската паркирана на пумпа. Врне, брзам накај дома. Отклучувам врата и глеам 5 до 9, успеав “пак”.

Го завршувам текстов со кој нема да го дрвам, да попраам грешки и ете го мојот прв есеј уместо статус.

Решив, веќе не искачам на крај на слободното движење пред полициски час.

Има две работи, може или кола да ме згази или да платам 4.000 евра, ако е стварно толку голема казна…

Логика нема, нели? #СедиДома …

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.755 пати