Хатиџе заслужува многу повеќе, оставете ги нејзините заби настрана!
Како вчера да беше кога читав коментари за забите на Хатиџе, здивот и косата.
Е луѓе мои, на С.Џ.Паркер сигурно ја заболе за сето горенаведено, па потрча кафенце да си испие со нејзе и дури дозволи и да и’ гата, замислете!
А каде сте вие? Хатиџе се смешка со луѓето од филмските платна, воодушевени не од нејзината убавина и сексапил, туку големина!
Хатиџе која дали еден филм изгледала со нив, денеска си муабети за животот и пчелките.
Хатиџе чија територија е за нас недопрената природа, денес се шета низ челичните огромни птици.
Хатиџе, чие ладило беше синоним за среќа, денес психички се спрема за најголемиот хепенинг во животот на секој кој се занимава со светот на филмот.
Затоа, луѓенца, остајте си ја љубомората настрана!
Хатиџе заслужува многу повеќе!
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира