Саем на Книгата: НајЉубовна порака
Почна првиот саемски ден на Саемот на Книгата, следете го facebook профилот на Skopje Fair, почнувaат со дневните натпревари за НАЈљубовна порака ! Денешниот натпревар, ќе биде официјално објавен за краток период. Правилата на натпреварот се едноставни, постирај НајЉубовна порака на профилот на Skopje Fair, онаа порака со најмногу лајкови добива книга од издавачите кои се дел од Саемот на книга: МАКАВЕЈ, ИЗДАВАЧКА КУЌА ТРИ, ТАБЕРНАКУЛ, ЃУРЃА, АРС ЛАМИНА, НИЧЕ, РЕЧНИЦИ ОД ЗОЗЕ МУРГОСКИ…Книгите се делат според листата која ја има подготвено Скопски саем. Следете ги изненадувањата!
Интерактивен ѕид за НАЈљубовни пораки е поставен за време на Саемот на книгата. Секој посетител ќе може да остави своја мисла поврзана со љубовта која е најопевана и детално опишана во пишаните дела. Вчера сопствената мисла ја оставија Министерката за Култура Елизабета Канческа Милевска, Претседателот на УО на Групација ЕРА – Скопски саем Гвидо Омладич, Претседателот на здружението на издавачи и книжари Горјан Лазаревски и Академик Ферид Мухиќ.