Дома си е дома
Плата од 1600 евра …
Далеку од дома , во светот ..
Дишиш , а не живееш ..
Од први до први на банкомат…
Ги гледаш своите на вибер..
Купуваш на попуст и чекаш во редица..
Сонцето се повеќе се скрива зад облаците ..
Гледаш вести на Сител , и тага те обзема …
Децата зборуваат се повеќе странски..
Возиш мерцедес , со кредит од банките ..
Платата од 1600 евра едвај крпи ..
Ќе мора и жената да работи .. На црно ..
Се повеќе се плашиш и чекаш унапредување …
Ќе го добиеш , кога ќе те исцедат како лимон.
Децата .. Тие се повеќе се оддалечуваат од домот …
Стануваат свои и работат …За плата од 1600 евра ..
Во свој стан , на кредит ..Доживотно ..
ДОМА !
Дома си е дома 💖
Плата 200 евра , ама комшиите се тука .. Да ни се живи и здрави…
Децата играат , хепенинг за Велигден , за 1 ви април..
Дедо и баба ги носат за рака ..
Чичо и стрина ги возат со голфче на старо , ама џам е !
Мама и тато на работа , баба прави мекици за сите .. Две тепсии големи ..Ммм , со сиренце ,ајварче и јогурт ..Токму манџа прсти да излижеш…
Ајјј Лепотица на баба , станала матурант , баба ќе плати …И фустанот и сандалите …
Мајкиниот син станал дипломец .. Дедо ќе купи , ќе даде …Ами дедова лика и прилика е …
Никаде! …Никаде не е како дома …
Тамо им велат …Кога ќе се жениш ..Од наш крај да си земеш…
Само едно место се вика дом …Тамо каде што срцето ти пее.. И ниедна пара не може да ја купи таа љубов … Таа љубов е вечност во душата ..Тамо каде што срцето припаѓа….
Оливера Шрирговска