Што е родољуб?
Во едно интервју познатиот книжевник, сликар, шармер и естета Момо Капор, бил прашан:
Да ли после се‘ останавте националист?
,,Па тоа ми е занимање. Имам сертификат. Го имам и речникот на странски зборови и изрази од Вујаклија каде што под „националист“ пишува: француски збор, означува родољуб, патриот, човек кој што се грижи за интересите на својот народ. И не значи членување во земунскиот клан. Инаку, патриотизмот никогаш не го признавав како некоја посебна категорија. Тоа е работа на домашно воспитување, на тоа те научува баба ти, дедо ти , татко ти. Нормално однесување, на пример: како што кажуваш добар ден, ја симнуваш капата, отстапуваш седиште; не е тоа некоја посебна вредност. Додека пак, предавниците се навистина посебна вредност. Тука мораш навистина да се потрудиш и да ризикуваш сенешто.”