Вилицата на баба ми

„Здраво бабо“- и’ се јавувам на телефон
„Кој е?“
„Зоки ма бабо, кој може да биде“
„Ах, не ти го познав гласот, имаш мака некоја
што овака се јавуваш после 2 години?“
„а не..ме интересира нешто..да не имаш некоја стара вилица по дома?“
„да, имам една“
„ај дај ми ја“
„зошто?.. некој ти ги искршил забите?..ако, така ти треба
кога си неваспитан, немаш почит кон постарите…
бла-бла……………“- после 2 саати.. „добро бабо, заврши?“
„уште нешто……“
„добро бабо, од утре ќе се поправам
само дај ми ја вилицата“

vilicata-na-baba-mi

„ама што ќе ти е?“
„за супа“
„каква супа?..што ти е на тебе?“
„па ми се јаде убава супа, со месо, со коска
ама немам ништо од тоа во фрижидер,
а немам пари да купам па ми текна на тебе“
„не чедо, не е коска тоа..некаков метал,порцелан, немам појма,
ама ако сакаш иди во Бутел, одма до дедо ти погребаа
еден дечко пред 3 дена..кутриот од рак умрел,
па зами го додека е уште свеж башка ракот
ќе ти се погоди за рижото, знам добар рецепт со морски плодови“
„ама немам возачка, ми ја земаа цајканите, нешто ме мразат,
него каков гроб на дедо?….КОГА умрел?“
Леле не ми се верува каква селекција на пцовки
добив од баба ми
Некои прв пат ги слушам во живот, што елоквентни биле стариве
баш пријатно се изненадив !!!….треба еден ден да ги запишам
Него морав да прекинам се запали еден стан
во другиот влез а од мојот балкон најубаво се гледа
Набрзина да им се јавам на комшиите кој сака да гледа
прв и втор ред по 150, ден, стоење 80
пиво 100, чаша вода со моја чаша 20
Добро е , почнаа да доаѓаат,
ќе соберам пари за кафана,таму ќе јадам чорба,
ма јас сум си господин човек, како уопште
помислив да готвам по дома?

Посетено 1.672 пати