Не дозволувајте да бидете одбрани, одбирајте

ne-dozvoluvajte-da-bidete-odbrani-odbirate-1

Без разлика дали се работи за машки или женски, советот важи за двата пола, на било која возраст, со било која сексуална ориентација, религија, вера, НЕвера и така натаму…

Не дозволувајте да бидете одбрани, туку секогаш стремете се да ги добивате личностите кои ги одбирате ВИЕ, наместо да бидете добивка на личностите кои ве одбрале вас.

Во најдобар случај доколку најдете некој што ве одбрал и вие сте го одбрале него, тогаш одберете се двајцата и останете заедно, бидејќи ретки се тие кои меѓусебно се одбираат.

Доколку одбирате, не значи дека пребирате, туку дека имате одредени критериуми за личности кои сакате да останат во вашиот живот.

Замислете го вашиот живот како ливада на која вие одлучувате какво цвеќе ќе расте на неа, наместо како контињер во кој ќе го собирате секое ѓубре.

Доколку одбирате, не значи дека сте префригани, значи дека доволно се цените себеси и не дозволувате било кој да ви се приближи, бидејќи не секој заслужува (во љубовен поглед)

Кога се работи за пријателства, советот не важи бидејќи секој заслужува шанса да биде ваш пријател, секој заслужува шанса за дружење, секако доколку истото не е иницирано со скриена намера или надеж дека пријателството ќе прерасне во нешто друго.

Доколку одбирате, не значи дека сте глупави, самобендисани или се занесувате, туку значи дека сте доволно паметни и доволно се сакате себеси да си пружите шанса за да го запознаете идеалниот партнер кој верувајте во овие 7 милијарди сигурно постои.

Зошто да бакнувате жаби привремено, кога може да си го бакнувате принцот или принцезата до крајот на животот.

Вреди да се почека, нели…

Знам дека вреди, знаете и вие, па затоа уште денес направете нов избор да не дозволувате да ве одбираат.

Одбирајте, луѓе! Само така ќе бидете најсреќни,  бидјеќи само вие знаете што е најдобро за вас, КОЈ Е НАЈДОБАР ЗА ВАС.

Посетено 3.778 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!