Прашина во ветер, тоа беше ти!

prasina-vo-veter-toa-bese-ti-1[fblike]
И кога ги затворам очите, повторно се појавуваш, врвиш низ мислите, патуваш во соништата, ги кршиш на крај.
И кога ги отворам очите, повторно се појавуваш, како прашина во ветер, ми ги наросуваш очите, ме расплакуваш.
И кога ги покривам очите со дланките, го чувствувам допирот твој на лицето мое, ме загушуваш.
И кога ги пуштам рацете од лицето, лесно покрај бедрата, паѓаат без никој да ги фати, ме оставаш.
Ме оставаш без сила, со прашина во очите, ветер кој ме дува назад кон тебе, а ти бегаш се подалеку.
Ова е див свет, еднаш рече, животот што туку започнува за двајцата, биди силна, биди храбра, живеј!
А јас само се прашувам како?
Како да бидам силна покрај ветрот во кој се вееш, како да бидам храбра покрај прашината во која живееш, а ми ги расплакува очите.
Како да живеам кога станав зрно прашина во ветер како тебе, бидејќи прашина во ветер беше ти, тоа беше ти!

test baner cist text

Посетено 2.061 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!