Како да импресионирате еден плејбој?
Кога сте затрескани во момче кое е згодно и сите девојки го гледаат како вистинска прилика со сите квалитети, понекогаш е тешко да го привлечете неговото внимание.
Одвоете се од толпата на девојките кои клечат пред него на едноставен начин – бидете свои! Тоа може да го изразите на следните начини кои се клуч за негово освојување.
Искористете ја вашата интелегенција
Доколку ви се укаже прилика за разговор со вашиот иден дечко, искористете ја интелегенцијата за да го заведете. Започнете разговор базиран на различни теми, кои ќе ги менувате со неверојатна брзина. Тој нема да успее да ве следи во зборувањето, а тоа носи позитивен ефект.
Покрај тоа што ќе сфати дека сте атрактивни и паметни, нема да престане да размислува за вас цела вечер.
Изразете ги вашите најатрактивни атрибути
Од неговиот најдобар пријател сте дознале дека сигурно ќе присуствува на журката на која вие ненадејно ќе се појавите облечени во прекрасен фустан кој го изразува вашето деколте или ја оцртува вашата совршена линија.
Забавувајте се и бидете свесни дека неговите очи се вперени во вас цела вечер.
Не му обрнувајте големо внимание
Доколку соберете храброст добро би било да се поздравите и да го направите првиот чекор. Но, тоа ќе биде доволно.
Ќе знае дека сте во иста просторија и ќе се запрашува зошто не му обрнувате големо внимание. Сепак тој е главниот плејбој на забавата. Знаејќи го машкиот мозок, тоа е доволно за да го привлечете неговото внимание, нели?
Бидете во машко друштво
Оставете ги пријателките дома и за промена излезете со вашето машко друштво.
Плејбојот сигурно ќе го привлече девојка која е во друштво на повеќе машки. Доколку му се допаднете навистина, ќе проба да ве извлече од дувлото на волци.
Покажете страст
Повторно ви се јави прилика за разговор? Одлично!
Овој пат покажете ја вашата страст. Не е важно дали се работи за страст кон музика, такцување или патување. Дајте му дознаење дека постои некоја друга страст која ве храни, покрај страста што ја имате кон него.
Допирајте го
Ова е еден од најдиректните и ефективни методи за привлекување внимание.
Правете го тоа дискретно за да не бидете погрешно сфатени. Низ разговор, насмевнете се благо и допрете го неговото рамо или неговата коса со изговор дека фризурата му се расипала.
Допирот претставува еден од начините на заведување на кој сигурно ниеден плејбој не е имун, па ни вашиот. Започнете ја вашата игра на заведување и поставете ги правилата. Бидете сигурни дека плејбојот несвесно ќе ги почитува.
Посетено 3.565 пати