Автомат За Самоубиство
[fblike]
Купувам цигари и пред пиљарата гледам
некој непознат автомат, од оние
ставаш паричка и ти искача нешто…
Читам „АВТОМАТ ЗА САМОУБИСТВО“ !?
„Дечко нешто ме интересира, како работи машинава?“
– го прашувам продавачот
„Едноставно, ставаш пари, влегуваш во неа
и искачаш мртов.
за 50 ден. искачаш сплескан
за 60 – сомелен
за 70 – истанчен и врзан во чвор
за 200 – секој орган посебно спакуван, дезинфициран
а душата затворена во тегла
Генијална машина што да ти кажам,
повише самоубиства продавам
него кафиња од оној кафематон таму“
„Ама јас имам само 30ден“
„па за 30 ?? …чекај да видам што пишува во упатствово
аха еве го … за 30 само ќе те убие и ќе те пушти
во канализација глувци и бубашваби да те изедат“
„аууу, стреашно е тоа..ај позајми ми 20 ден
па да умрам барем „сплескан““
„а како мислиш да ми ги вратиш кога ќе бидеш мртов?“
„еј, да …никако“
Се туфкам, вртам телефони некој да ми позајми
кога се приближува една женска
Ја гледам вади 50 ден
„девојко извини да те прашам нешто“
„да, слободно“
„за 50 ден ќе се убиваш?“
„да“
„те гледам овака малецка, слабичка
па да те замолам да се бутнам со тебе во машинава,
мислам дека ќе не’ собере,
мене ми фалат пари иначе сам ќе се убиев“
„па може, зошто да не , поубаво е во друштво“
И така, стави пари во отворот и некако се
збутавме заедно
Машината почна да се загрева, да пушта некои звуци
и наеднаш замре…снема струја!!!
Нема врска,
додека чекаме да се врати си превиме муабет,
се зезаме, смееме и едно време
почнавме да се гушкаме, лапаме и пипкаме
„знаеш што?..а да искочиме и да си бидеме
дечко и девојка“ – и’ предложив
„да знаеш дека е добра идеја..ај ти прв“
Само што искочив дојде струја, машинава се затресе
и она јадната немаше време да избега,
само слушнав звук на кршење коски
и од позади искочи мојата несудена девојка,
сплескана како даска за во кујна.
Сега си ја чувам дома и чекам да измислат машина
која мртвите ќе ги враќа во живот
а во меѓувреме неа ја користам
за сецкање зеленчук и месо,
некако повкусни ми се така јадењата
Ама таков е животов,
нешто ти зема, нешто ти дава
иако мислам дека ме заеба во случајов
Посетено 1.646 пати