ДЕТЕ ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

donorko
ДОНАРКО

Цел живот се чудам зошто мајка ми
подрумот го жува заклучен со 3 катанци
и едно нервозно пит-булче
За среќа кучето еднаш мораше да го носи на
забар, да му стават имплатни, поголеми и пострашни
од регуларните заби па решив да ѕирнам внатре
Ги скршив катанците и влегов
Гледам лево-десно, нема ништо сумњиво
Не знам што има за криење?
Ама како од некаде да се слуша пригушено „отвори ми бело Ленче…“
Песнава доаѓа од едно шкафче, ѕиркам , ништо нема
Само една црна кеса… чудно гласот како да доаѓа од таму?
Ја отворам, што да видам, една глава како си пее,
ме виде, се штрецна и престана
„Кој си ти?..каде е Ленче?“ – ме прашува збунетата глава
„Чекај малце, која Ленче?“
„Па мајка ми“
„Ленче ти е мајка?… па и мене ми е .. демек ние сме браќа?“
„Па изгледа..ти си Зоки?“
„Да“
„Е па браќа сме, мило ми е што се упознавме“
„Чекај малце..што правиш ти во кесава..и зошто
имаш само глава, кај ти се другите органи, телото?“
„Не знаеш?“
„Не, што да знам?“
„Па кога се родив мајка ни ми кажа дека
мене ме родила за резервни делови“
„Какви резервни?“
„Па ако некому од вас му зафали бубрег, јетра,
рака, око и сл. од мене земаат“
„Како да не, лажеш!!!“
„Лажам?..а зошто тие едната рака пократка од другата,
зошто очите ти се различна боја..тоа е се од мене земено“
„И ногата исто?“
„Да, и ногата“- со сериозен глас одговори
„Офф леле, па зошто ја земале левата нога од кај тебе?
мене десна ми фалеше.. и сега имам 2 леви нозе,
срам ми е фудбал да играм“
„Чекај да видам..хаха стварно.. немај гајле, тука ми е десната
слободно смени ја“- ме теши
„Каде е?..не ја гледам“
„Ја крие во вреќата со компири, провери“
И така, си ги заменив нозете и сега супер изгледам
дури имам шанси и манекен да бидам
Него време е да си одам пред да се врати кучено
„ Извини а како се викаш?“ – ми текна да го прашам
„Донарко“
„Хаха, како бе Донарко?… многу глупо име“
-искрено во фаца му се изнасмеав
„Па затоа што донирам органи, копук еден!
да не сакаш и мозоков да ти го дадам,
те гледам прилично глуп ми изгледаш?
„Ок, ако мислиш дека ми треба, зошто да не“
И така , се подновив и со нов мозок,
а конечно ќе можам и фудбал да играм,
што убаво било брат да си имаш

Посетено 421 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!