Зоки Панкер

Најубавиот Лист

Сите дрва во маало ги сакам ама ова под кое ја паркирам колата ми е најомилено Не, не е највисоко и не прави најголема сенка ама е посебно, има еден лист на втората гранка кој се разликува од другите, уникатен лист кој ептен го обожавам и со посебно внимание секој ден го чист...

Комшиски Муабети, Симфонија Од Епитети

-здраво комшија, може едно прашање? -да кажи -а бе стварно му умрела козата на комшијата од 11-ти, цело маало збори за тоа? - стварно -Не знаев дека имал коза, кај ја чувал, на балкон? -Не бе, така ја викаше жена му – „козо една“ -ааа тоа било, значи ако слушнам дека умрело...

Исповратени Морски Плодови

Само што се спремав да влезам во зграда кога видов како изнесуваат некого на носилки и го ставија во Брза Помош. „страшно, среќа што не сум јас“- се тешам Влегувам во лифт и ауууу одвратно, некој повраќал Мислам ок е да повраќаш во лифт и јас сум повраќал милион пати ама ...

Никој Не Се Плаши Од Мене

никој не се плаши од менеСамо јас се плашам од самиот себеИма зошто, си знам Posted by Zoki Panker Flokbalet on Thursday, August 27, 2015

Специјалитет На Денот

Не знам зошто сум уште со Сандра? Стварно не знам Еве седиме во кафана, го чекаме келнерот и додека јас безуспешно се обидувам да ја фатам и сплескам вошката што ми се мота низ коса Сандра си ги лакира ноктите и нон-стоп нешто ми збори, која со кого се фатила или раскинала, кој...

Фраер Не Се Стануе, Фраер Се Раѓа

ликов е 104 год. млад :)И фраер си е,џабе ти се милион париако го немаш тоа во себе Posted by Zoki Panker Flokbalet on Thursday, August 20, 2015

Фолирант

Си го шетам кучето на батерии низ парк и наеднаш на човекот пред мене му експлодира главата Кај баш сега, лом ме направи со остатоци од неговиот мозок и тоа на најубавата маичка Додека се мијам на чешмичката ми се приближува вистинско куче, додуше малку чудно зошто има 6 нозе...

Нов Правец Во Архитектурата “Турлитавизам”

Наместо да ги вреѓаме барокот и палмите бродовите и панорамското тркало треба да сме горди што сме измислиле нов правец во архитектурата и просторното уредување и се вика ТУРЛИТАВИЗАМ Каков таков, наш си е, уникатен, што не им текна на Швајцарците да го измислат? Ама не, не...