Јовица Ивановски

Некој друг ти

                 Песна за Скопје напишана во јануари 2015. Кој си ти, веќе не те познавам? Франкештајн, мистер Хајд? Ни стана казна, ништо друго. Резултат на нашата пасивност и понизност. Никој не сакаше да останеш недораснат, но прерасна во нешто од ш...

Годинава нема да фатам боја

Сончевите УВ зраци се штетни. Озонската дупка се шири во јама. Пешкирите на плажите се омеѓени парцели на кои не смее да стапне туѓо стапало. Ниту една природна цицка нема да ми ѕирне под градникот на очите. Водата е гарант валкана, жешка од мочка. Сенка нема ни за лек, но сенк...

Двајца во Трпејца

….  Овековечени вчепатоци од моето прво (се надевам не и последно) летување во Трпејца. Наутро смрдлива уста, подуено лице и бушава коса. Бањата е заедничка – ред во недоглед (со чашка ракија на гладно срце ја мијам росата од срцето). Соседите од соседните соби – три парови...

Оние, ретките

Во морето нервозни отскокнуваат спокојните. Не се обележани но забележливи. Зрачат и не се свесни колку значат. Немаат ореоли зашто не се светци, немаат крилја, а анѓели се. За жал, ги забележуваш само кога ти требаат. Насмевка во ôд, неусилена поддршка. Поткрепа во небрано, ...

Сустипан

Колку лесно си ги присвојуваш нештата што сам ги откриваш. Сеедно, си го најде местото што ти ја кроти душата. Каков мир, ко да си од другата страна на животот. Ветерот гали уши – небаре шепот на духовите на оние кои почивале овде. Има ли нешто пологично од тоа бившите гробиш...

Вратете ни го градот

Вратете ни го градот во кој не сте израснале! Улиците на кои не сте згазнале, нерамната калдрма со штрбави коцки. Костените со стари коски, тополите кои ги надвисивте со многукатноста на алчноста. Вратете ни ја невиноста! Граѓанството кое го уништивте умислувајќи си дек...

Почит

Кон Бушманите кои се дел од моите гени – секој роден на планетава ми е роднина. Кон моите родители кои (за среќа) не ме задоија со омраза. Кон сите светски чуда – животот е најголемо. Кон Сонцето кое знае што му е работа. Кон Земјината топка која сè уште се вртка околу него как...

Бристолска

Oтиде и Бристол во заборавот на невремето. Едно од последните засолништа на заскитаните. Ништо невидено до сега, ни прв, ни последен пат. А спомените се пепел на ветер. Сакам утре да ми се случи. Сакам во шест сабајле, во јуни, во неразбудениот град кој мириса н...

Се ретчиме

Се ретчиме, како коса откосена, ко пари испарливи, како клетки мозочни. Недофатливо е времево, божем кротко а немилосрдно. Му минуваме низ прсти ко од дланка полна со мрак. Се ретчиме, генерации убави луѓе чија иднина е минатото. Сè помалку познаници на улици, небаре друг град ни...

Не си млад за староста

Ја припитоми љубопитноста. Веќе ништо не ти е толку важно, секое збиднување може и без тебе: промоциите на кои не си го промовираш ликот, изложбите на кои не се клатиш на шајката на неминовноста. Светот е каде-каде поубав без тебе. Доблестите со кои некогаш се гор...