Јовица Ивановски

Погреб

Капелата е тесна и задушлива – дури и мртовецот пребледел. Попот пее веќе половина час. Пее, чита и рецитира, и ако продолжи уште малку ќе мора да се ископа уште некоја дупка. „Убаво пееше попчето“ – вели една бабичка. „Убаво, убаво“ – одговара другата бабичка. Секој од блискит...

Македонска испотена свадба

На Пепи Терзиоски… Младите потечени од бакнежи и црвени од кармини стојат над почесните столови и примаат подароци. Лицата одвај им се гледаат од купиштата цвеќиња. Ненаметливо ја проценуваат дебелината на пликоата и радосно си наздравуваат. Родителите се среќни но сè ушт...

И по дваест години

Сè уште си ми девојка. Годините се сенки зад стапки. Со сонцето, на пат околу Земјата. Секое утро ни започнува на исток и нè стемнува додека го бараме запад. Немаме уште многу а не сме свесни за тоа. Не го тераме денот како да ни е последен, ниту, пак, ноќта како да ни е пр...

Задушница

На гробишта невидена гужва – душите на сите починати и голем број од нивните блиски, на средба на Главната станица помеѓу двата света. Бабички со преполни торби пешачат и по неколку километри. Илјадници автомобили бараат место за паркирање (се прашувам, каква гаража би личело д...

Некој друг ти

                 Песна за Скопје напишана во јануари 2015. Кој си ти, веќе не те познавам? Франкештајн, мистер Хајд? Ни стана казна, ништо друго. Резултат на нашата пасивност и понизност. Никој не сакаше да останеш недораснат, но прерасна во нешто од ш...

Годинава нема да фатам боја

Сончевите УВ зраци се штетни. Озонската дупка се шири во јама. Пешкирите на плажите се омеѓени парцели на кои не смее да стапне туѓо стапало. Ниту една природна цицка нема да ми ѕирне под градникот на очите. Водата е гарант валкана, жешка од мочка. Сенка нема ни за лек, но сенк...

Двајца во Трпејца

….  Овековечени вчепатоци од моето прво (се надевам не и последно) летување во Трпејца. Наутро смрдлива уста, подуено лице и бушава коса. Бањата е заедничка – ред во недоглед (со чашка ракија на гладно срце ја мијам росата од срцето). Соседите од соседните соби – три парови...

Оние, ретките

Во морето нервозни отскокнуваат спокојните. Не се обележани но забележливи. Зрачат и не се свесни колку значат. Немаат ореоли зашто не се светци, немаат крилја, а анѓели се. За жал, ги забележуваш само кога ти требаат. Насмевка во ôд, неусилена поддршка. Поткрепа во небрано, ...

Сустипан

Колку лесно си ги присвојуваш нештата што сам ги откриваш. Сеедно, си го најде местото што ти ја кроти душата. Каков мир, ко да си од другата страна на животот. Ветерот гали уши – небаре шепот на духовите на оние кои почивале овде. Има ли нешто пологично од тоа бившите гробиш...

Вратете ни го градот

Вратете ни го градот во кој не сте израснале! Улиците на кои не сте згазнале, нерамната калдрма со штрбави коцки. Костените со стари коски, тополите кои ги надвисивте со многукатноста на алчноста. Вратете ни ја невиноста! Граѓанството кое го уништивте умислувајќи си дек...