Кира Најтли ја опишува проекцијата на “The Imitation Game”

Во Силиконската Долина, Марк Цукерберг приреди проекција на
The Imitation Game.

The Weinstein Company's "The Imitation Game" Los Angeles Special Screening Hosted By CHANEL - Red CarpetМинатата ноќ на телевизиската емисија во живо на  Jimmy Kimmel, Кира Најтли ја откри причината зошто сите треба да се стремат да бидат милијардери- бидејќи можат да носат што и да посакаат дури и во присуство на холивудски ѕвезди.
Претходно овој месец, Најтли присуствуваше на проекцијата на нејзината нова драма во Силиконската Долина, The Imitation Game, приредена од основачот на Фејсбук- Mark Zuckerberg, Harvey Weinstein, и милијардерот кој инвестира во технологија- Yuri Milne. Навикната на холивудската здодевна процедура во која присутните најчесто неудобно и  формално се облекуваат и седат два часа во театарот, Најтли беше вчудоневидена од фактот дека Zuckerberg и други присутни биле облечени неформално за овој настан, во џемпери и удобни обувки.

“Тие беа многу убави!” Му кажала Најтли на Кимел за дружината која ја сретнала во Силиконската Долина. “Тие имаа големи дуксери”, додаде таа,” дури по малку и сомнително. Дуксерите се големи во информатичката технологија, а забележав и обувки од марката Crocs, Сергеј- кој јас го сметам за многу богат човек дефинитивно носеше вакви обувки.” (Драги читатели, ко-основачот на Google, Sergey Brin е всушност многу богат човек и може да носи какви обувки и да посака.)

Најтли изјави дека неговиот избор на обувки бил многу попрактичен од нејзиниот.

“Бевме надвор, па сето тоа некако имаше смисла. Јас и моите високи штикли како пропаѓаме во тревате- е тоа не беше баш добра глетка.”

На прашањето дали смета дека паралелните универзуми со културно значајни личности биле интересни, таа несигурно одговорила Да? Дали беа?

Таа сеуште не може да премине преку фактот дека и преку телефон можете да закажете да видите вселенски брод.

“Всушност, некој и пријде и ми рече ‘ако сакаш да видиш вселенски брод, еве ја мојата картичка.’ Ова никогаш претходно ми се нема случено,” открива таа.” Па можеби ќе му се јавам и ќе речам ‘Да, покажи ми, сакам да видам вселенски бродови.’”

Најтли беше по малку и разочарана бидејќи тие само одмавнаа на заинтересираноста за нејзиниот најголем технолошки проект.

“Знаете што е навистина здодевно?” рекла таа, “Јас прашав многу луѓе дали некогаш пак ќе има ховеркрафти, затоа што тие изгледаа прекрасно во Back to the Future, и никој од нив не знаеше ништо!”

Па, ако сакате да започнете разговор со Најтли, сега имате тема за разговор.

(Посетено 181 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Оставете одговор

*