Пиле во млеко
Доаѓа викенд, а со тоа и семејните неделни ручеци за кои овој пат за предлог го имаме сочното пиле во млеко. Доколку сакате тоа да биде покрцкаво тргнете ја фолијата пред крајот на печењето, а течноста која пилето ќе ја пушти за време на печењето сочувајте ја и потоа искористете ја како бујон при подготовка на некое друго јадење.
Состојки:
Пиле – 1
Сол и бибер – По вкус
Путер (несолен) – 2 лажици
Кравјо млеко (3.2%) – 2 шолји
Кора од лимон – 2 парчиња
Цимет – 1/2 стапче
Рузмарин – 2 гранчиња
Жалфија – 7 ливчиња
Инструкции:
Чекор 1:
Купете пиле од кое претходно се извадени внатрешните органи и исушете го со кујнска крпа. Зачинете го со сол и бибер и од надвор и од внатре. Во огноотпорен сад загреан во рерна на силен оган додадете путер. Почекајте путерот да се стопи и да почне да се претвора во пена.
Чекор 2:
Во садот ставете го пилето и печете од двете страни по десетина минути. Свртете го пилето така да градите бидат долу и прелијте го со млеко. Откако ќе почне да крчка изгаснете ја рерната. Измешајте во млекото кора од лимон, лук, жалфија, цимет и рузмарин.
Чекор 3:
Поклопете со капак или со фолија и печете 45 минути на 180 степени. Тргнете ја фолијата и печете уште 40 минути. Послужете го пилето заедно со сосот од млеко.
Посетено 362 пати