Триаголници со спанаќ и фета сирење

triagolnici
Крцкава закуска полнета со секогаш вкусната комбинација на спанаќ и фета сирење.
Состојки:
Готови кори – 500 гр.
Спанаќ – 500 гр.
Фета сирење – 150 гр.
Лук – 1 чешне
Јајце – 1
Бибер – По вкус
Маслиново масло – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Исчистете го спанаќот, измијте и добро исцедете го. Пржете го на маслиново масло додека не се собере. Доколку подготвувате смрзнат спанаќ користете само 250 грама и само пропечете го на малку маслиново додека водата не испари.
Чекор 2:
Тргнете го спанаќот од оган и потоа додадете му го ситно исечканиот лук и фета сирењето исечкано на коцки. Добро измешајте ја смесата во која потоа ќе додадете јајце и бибер.
Чекор 3:
Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од 3.5 милиметри и исечете го на коцки. На секоја коцка ставете по малку од смесата, преклопете ја и рабовите причврстете ги со вилушка.
Чекор 4:
Наредете ги триаголниците во тавата за печење на која претходно сте поставиле хартија за печење. Печете од 15 до 20 минути на 200 степени.
Повеќе рецепти на Jademe.mk
Посетено 230 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!