Емилија, ти си магијата која му помогна на фениксот да се издигне од пепелта!

Пред два дена одекна веста за успешната прва трансплатација на срце од починат донор. И имаше помешани чувства, од неверување и шок до секакви пофалби до починатата Емилија и семејството.

Во оваа прилика би одала огромна благодарност и почит до семејството Диневи кои во најтешките моменти се одлучија на таков чекор, за кои рака на срце навистина е пожртвуваност на својот близок за да се спаси животот на некој непознат.

Токму тој непознат денес живее, има срце кое чука, има душа која се смее и плаче од радост во исто време. Тој непознат има дете со кое заедно издвоија победа.

Игор Џамбазов, во свој стил се прости од Емилија и се наклони кон нејзиното семејство:

 

View this post on Instagram

 

Денес, на гробиштата во Сретеново, Дојран ја испрати својата сограѓанка и пријателка, Емилија Динева, чие срце вчера спаси еден човечки живот, а нејзините бубрези ќе спасат уште два. Почивај во апсолутен мир, пријателке Емилија. И да знаеш. Твоето семејство не потсети што значи да се биде хуман и во најтешките моменти. Твоите најблиски покажаа колку големо срце имаат. Срце големо колку просторот од твоето Јосифово, до нашиот единствен Дојран. Диневи, Ви се поклонувам до земја…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Не би имала ништо што да додадам, освен дека пред два дена научивме една нова силна лекција за човештвото и хуманоста. Ежење од храброст и солидарност, официјален почеток на една нова ера, на една понова хумана историја.

Секако, тоа е одлука и на самиот член, како и на неговото потесно семејство. Но, јас од семејството Диневи научив дека љубовта се дели и тоа на три дела, и тогаш кога е немилосрдно тешко, и тогаш кога солзите не се утеха, туку сопатник, тогаш кога од умирањето се продолжува туѓ живот, како феникс од пепелта.

Емилија, ти си магијата која му помогна на фениксот да се издигне од пепелта! Почивај во мир, душо мила! Ангелите сигурно ти го осветлиле патот и те примиле во своето небеско царство.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 747 пати