Здраво другари! Јас сум Бела!

bela_majkatiitatkotiСудбината сакала јас да имам топол дом и многу љубов. Јас сум љубов, јас сум радост, јас сум две педи среќа. Јас сум снежна топка полна со топлина. Ме учеа на сите да ви приоѓам со доверба. Ве молам не ја злоупотребувајте таа доверба, бидејќи освен за љубов, не знам за поинаку. Јас мавтам со опашот и се радувам на секој нов познаник. Но не секој се радува на мене и изгледа ќе мора да научам да сум порезервирана во изливот на емоции. Но да не кажувам многу за себе, да не помислите нарцис дека сум. Сакам да кажам за моите другари, кои ги гледам како скитаат по улица. Сакам да кажам дека моите другари имале лоша судбина. Завршиле напуштени на улица. Некои од нив не знаат дека човекот може да сака. Не почувствувале љубов. Не биле никогаш сити. Тие може и да ве гризнат, за жал. Затоа што улицата така ги научила.

Но знаете ли кој е крив што тие се такви? ВИЕ ЛУЃЕТО. Вие сте тие што ги напуштате, што ги тепате и учите на борби. Како ќе не научите, ние такви ќе бидеме. Затоа, вие ЛУЃЕ, пред да одлучите дали овој оброк ќе им биде последен на моите другари, погледнете прво во себе и прашајте се дали оправдано го носите супериорниот епитет ЧОВЕК?

Пред да ја одредите вие нашата судбина, разберете дека ние не можеме сами да си го одредиме животот. Ние зависиме од вас. Ние сме рефлексија на вашето однесување со нас. Ако решите ова да е наш последен оброк, така ќе е. Бидејќи сме гладни заради вас. Ако решите да ми ги убиете другарите, сетете се дека вие имате разум за да направите нешто попаметно. Нешто што ќе го оправда тоа што сте ЛУЃЕ. Вие сте овде на планетава за да ја направите поубаво место за живеење. Но не ја правите, за жал. Оваа планета зависи од ВАС. Моите другари низ градов зависат од вас граѓаните. Отровите што ги фрлате се рефлексија на отровот што го носите во душата. Ние немаме способност за толкава злоба. Престанете да ми ги убивате другарите. Тие имаат поголема душа од вашата. Нив ги боли исто како што и вас кога би ве отруле. Нивниот живот е исто важен колку и вашиот.

Ние сме такви како што вие ќе не воспитате. Тоа немојте да го заборавите.

ОД ВАС ЗАВИСИ !!!

Јас сум Бела и јас само за љубов знам.

Посетено 989 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!