Не е овој поклон за тебе

– ај погоди каков поклон имам за тебе?
– дај да видам.. покажи ми ги рацете
– не
– дај бе Зоки не ме нервирај
– не… ако погодиш 5 такви ќе добиеш, ако не..ништо
– прстен?
– не
– ланче?
– не
– онаа маичкана што ја гледав во Манго?
-не
-шминка… кондури..клучеви од кола, авион, подморница
лап-топ, фрижидер, американски плакар, Цептер
паркет буков I- класа, стан, викендица, приколица
– не
– си купил карти за Аца Лукас?
Е тука не издржав, го ставив срцето во задњиот џеб од фармерките
и „не е овој поклон за тебе…уствари ни јас не сум за тебе“
и’ реков и се изгубив од нејзиниот живот

Посетено 1.800 пати